Во плановите на Атлетико Мадрид за летната селекција влезе и напаѓачот на Хетафе, Мејсон Гринвуд, информира шпанскиот спортски весник „АС“. Крилниот напаѓач е во сопственост на Манчестер Јунајтед, но летото беше позајмен во Хетафе, бидејќи навивачите на „црвените ѓаволи“ остро се изјаснија против неговото враќање во тимот по скандалот со насилството врз неговата девојка.
Гринвуд пристигна во Хетафе на крајот од летниот преоден рок, но импресионираше со своите игри. Досега има пет гола и четири асистенции во Ла Лига.
Токму тоа го привлече интересот на Атлетико, кој се надева дека ќе може да го купи играчот за не премногу висока цена со оглед на проблемите надвор од теренот.
„Рохибланкос“ на лето предвидуваат освежување во нападот, каде моментно на ниво настапуваат Антоан Гризман и Алваро Мората, но и двајцата поминаа 30 години. Во последниве месеци,
Гринвуд беше поврзуван со интерес и од Реал Мадрид и Барселона, како и од неколку други големи тимови во Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













