Повредата на Доминик Шобошлаи не е толку наивна и играчот од средниот ред на Ливерпул би можел да биде надвор од терените подолг период, пишуваат медиумите во татковината на Унгарецот. Според специјалистот д-р Золт Нол, фудбалерот на тимот од „Енфилд“ би можел да биде надвор од терените меѓу четири и шест седмици.
Очигледно е дека Ливерпул во клучниот дел од сезоната ќе биде без услугите на Шобошлаи.
Надежите на Ливерпул во овој случај би биле дека Шобошлаи ќе биде подготвен за дербито за првото место во Премиер – лигата против Манчестер Сити. Овој натпревар е закажан за 10 март.
Шобошлаи речиси сигурно ќе го пропушти финалето на Лига купот против Челси на 25 февруари. Можно е да не биде достапен и за првото осминафинале во Лига Европа кое треба да се одигра на 7 март.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













