Челси треба сериозно да размисли за можната разделба со Маурисио Покетино, бидејќи доколку Аргентинецот добие отказ, ќе треба да добие сериозна финансиска отштета. Ова може да доведе до прекршување на финансиските правила на Премиер – лигата.
Ситуацијата во Челси е веќе затегната и лондончани се обидуваат да не прават дополнителни трошоци, бидејќи веќе потрошиле околу 1 милијарда фунти на играчи од доаѓањето на новиот сопственик Тод Боели.
Медиумите во Англија тврдат дека ослободувањето на Покетино ќе го чини клубот над 10 милиони фунти. На аргентинскиот стратег му остануваат уште 18 месеци од договорот, а резултатите на тимот веќе ги поттикнаа дискусиите дали треба да добие отказ. Една од причините поради која раководството на Челси не брза е токму финансиската состојба.
Во моментов Челзи го зазема 11. место во Премиер – лигата со 31 бод по 23 одиграни натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal