Connect with us

Дарвин Нуњез неизвесен за дербито со Арсенал

Уругвајскиот напаѓач на Ливерпул, Дарвин Нуњез, влезе во историјата на Премиер – лигата со тоа што стана првиот играч кој ја погодил стативата четирипати на еден натпревар. Тоа се случи на дуелот со Челси, кој го добија „црвените“ со 4-1.

Сепак, се покажа дека Нуњез имал сериозни болки, што го става во сомнеж за претстојниот натпревар на Ливерпул против Арсенал в недела.

„Не знам дали Дарвин ќе биде подготвен. Некаде во 20. минута од натпреварот некој му згазна на ногата. Беше многу болно. Дури по натпреварот ги соблече копачките и веднаш знаеше дека има проблем“, изјави Јирген Клоп.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови