Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, најави дека ќе замине од Барселона на крајот од сезоната, со оглед дека резултатите на каталонскиот гигант не се според очекувањата. Мали се шансите Барса да ја одбрани титулата, а можно е да остане без ниту еден трофеј оваа сезона.
Сепак, Чави би можел да најде брзо друга работа, и тоа надвор од Европа.
Како што откриваат медиумите во Шпанија, Чави наводно е во контакт со Дејвид Бекам, кој му понудил да го преземе тимот на Интер Мајами. Ова значи дека Чави би соработувал повторно со дел од неговите поранешни соиграчи и играчи како Лео Меси, Луис Суарез, Жорди Алба и Серхио Бускетс.
Дополнително, во пакетот би можел да биде вклучен и еден од капитените на Барса, Серхи Роберто.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













