Шпанскиот гигант Реал Мадрид одлучи да му понуди обновување на договорот на десниот бек Дани Карвахал, објави „Марка“. Актуелниот договор на шпанскиот репрезентативец истекува во летото 2025 година, но клубот сака да му покаже благодарност за неговата форма и големиот придонес во последните успеси на „кралевите“.
Дани Карвахал играше за Реал во текот на целата негова кариера, со исклучок на една сезона која ја мина во Баер Леверкузен во Германија.
Новиот договор на дефанзивецот е до летото 2026 година, со опција за уште една дополнителна сезона.
За позицијата десен бек во конкуренција на 34-годишниот Дани Карвахал, Реал си постави за цел да го доведе бразилскиот фудбалер Јан Куто.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













