
Килијан Мбапе се обврза пред Пари Сен Жермен дека ќе објави одлука за својата иднина во рок од неколку дена. Напаѓачот ќе избира меѓу останување во неговиот сегашен клуб и преселба во Реал Мадрид.
Според „АС“, Французинот ќе го објави својот конечен избор за најмногу една или две недели. Изданието тврди дека парижаните се уште не му упатиле понуда за новиот договор бидејќи прво сакаат тој да каже дали сака да остане дел од проектот. Доколку одговорот е позитивен, тогаш ќе започнат преговорите за условите на новиот договор.
Реал Мадрид одамна ја даде својата понуда и му објасни на Мбапе дека не може да се надева дека ќе добие повеќе од 30 милиони евра бруто по сезона.
Раководството на ПСЖ верува дека тие веќе направиле се што е можно за да го усреќат Мбапе со тоа што Меси и Нејмар повеќе не се во тимот и тој е главната алка околу која се гради проектот.
Мбапе нема да има баш таков статус во Реал Мадрид, бидејќи клубот веќе го има Џуд Белингам, како и се повлијателниот Винисиус Жуниор, во срцето на тимот на Карло Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
