
Поранешниот италијански селектор Антонио Конте речиси сигурно ќе го преземе Милан на лето, тврдат медиумите на Апенините. Во последните денови се појавија многу гласини дека „росонерите“ се заинтересирани за можноста да го назначат Конте, а најновата информација е дека тој кажал „да“ на оваа понуда.
Советникот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, лично разговарал со Конте за да го убеди да ја прифати понудата. Потоа и сопствениците стапиле во контакт со стратегот за да ја изнесат нивната конкретна понуда, која тој ја прифатил.
Конте на кормилото на Милан треба да го замени актуелниот тренер Стефано Пиоли.
58-годишниот фудбалер ги предводеше „росонерите“ до титулата пред две години, но оваа сезона резултатите на тимот се во надолна линија и тоа ги убеди шефовите дека е време за промена.
Конте, пак, последен пат беше на клупата на Тотенхем, но се раздели со клубот со заедничка согласност во март 2023 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
