Ханси Флик е еден од главните кандидати за нов тренер на Барселона следното лето, тврди „Спорт Билд“. Стратегот моментно е без работа откако минатата година доби отказ од германската репрезентација.
Каталонците ќе имаат нов тренер откако Чави Хернандез објави дека ќе се повлече на крајот од сезоната.
Ханси Флик е желба на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, уште од 2021 година. Тогаш тој ја одби понудата да дојде во Барса и дојде до назначувањето на Чави.
Сега Лапорта сака повторно да го види Флик на чело на својот тим.
Ханси Флик потфрли како селектор на Германија, но претходно го освои секој можен трофеј со Баерн Минхен во рок од една година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













