Connect with us

Клоп пушти солзи, Ливерпул го елиминира Норич во ФА купот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во осминафиналето на ФА Купот откако на „Енфилд“ го победија Норич со 5-2.


Ова беше прв натпревар откако Јирген Клоп во петокот објави дека го напушта клубот на крајот од сезоната, а во вистинската „ливерпулска“ атмосфера тимот одигра напаѓачки и ефикасно.


Голеадата ја отвори Кертис Џонс, кој веќе во 16. минута погоди со глава за 1-0. Но, Норич брзо возврати, бидејќи во 22. минута Гибсон израмни на 1-1.


Ливерпул брзо го постигна и вториот гол, бидејќи во 28. минута Дарвин Нуњез погоди по асистенција на Бредли за 2-1, што беше резултат на првото полувреме.


На почетокот на вториот дел Жота побегна на одбраната и ја искористи лошата реакција на стоперот на Норич, испраќајќи ја топката во далечниот агол за 3-1.


Потоа дојде кам-бекот во 55. минута, кога на теренот по долга пауза се врати Енди Робертсон, на кој му се придружија Ван Дајк и исто така закрепнатиот Доминик Шобошлаи.


Во 63. минута резервните играчи беа креатори за 4-1, Шобошлаи одзеде топка, а Ван Дајк од 10 метри со глава ја погоди мрежата.


Во 69. минута ефектен гол постигна Саинц, кој Ван Дајк го пушти и го потцени, по што следеше одличен удар од далечина за 4:2.


Во последните моменти од натпреварот во листата на стрелци се запиша и Гравенберх за конечни 5-2.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови