
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, синоќа најави дека ќе ја напушти клупата на тимот по крајот на сезоната.
Барселона доживеа катастрофа на „Монжуик“ против Вилјареал во меч во кој до 84. минута имаше предност од 3-2, а потоа прими три гола и се случи несфатлив пораз.
Започнаа шпекулациите за наследникот на Чави Хернандез и засега има три имиња кои се поврзуваат со Барселона.
Прв кандидат е стратегот на Болоња, Тијаго Мота. Човек кој малку отстапува од моделот на тренер наменет за Барселона со оглед дека неговата филозофија е нешто поконзервативна. Нема премногу напаѓачки варијации, отворен фудбал. Сепак, и тоа би можело да се смени со ростерот што би го поседувал на „Камп Ноу“.
„Кога има вести за мојата иднина, ќе знаете. Јас сум исклучиво фокусиран на мојата сегашност, а тоа е Болоња. Уживам во овој момент, фантастичен е и најмногу поради нашите фанови“, изјави Мота на прашањето за можно пристигнување во Барселона.
Второто име е славниот Мексиканец Рафаел Маркез, кој моментално ја води Барселона „Б“.
„Не можете да кажете „не“ на таква можност. Доколку дојде, ќе се обидам да бидам достапен“, изјави Маркез.
Третото име е Луис Енрике, кој има подеми и падови во Пари Сен Жермен, а доколку францускиот клуб реши да се раздели со него, Шпанецот би можел да се врати во Барселона, каде што работеше од 2014 до 2017 година, во ерата на Меси, Суарез и Нејмар.
Во тој период го освои секој можен трофеј со клубот. Очигледно соблекувалната го впери прстот токму кон него.
Заедничко за сите тројца, освен што играа или ја предводеа Барселона, се и добрите односи со спортскиот директор Деко.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
