Connect with us

Милан промаши два пенали, Болоња освои бод на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)

Милан не успеа да ја продолжи победничката низа и ремизираше (2-2) на „Сан Сиро“ против Болоња. Тимот на Стефано Пиоли пропушти многу шанси на овој меч, не реализираше два пенали, а тоа го казни Болоња, која исто така од пенал дојде до бод со гол во 90.минута од мечот.

Џошуа Зиркзе во 29.минута ја доведе Болоња во водство, а Оливие Жиру не искористи пенал во 42.минута. Сепак, три минути подоцна Рубен Лофтус – Чик погоди за 1-1 на полувреме.

Во 74.минута и Тео Хернандез не искористи пенал за Милан. Тој го погоди дирекот, а иако постигна гол откако топката му се врати, сепак, беше досуден индиректен удар.

Рубен Лофтус – Чик беше единствениот расположен за голови во Милан. Тој донесе нова предност во 83.минута, кога со удар со глава ја погоди вторпат мрежата на Скорупски.

Сепак, Болоња доби пенал во 90.минута по реакција на ВАР собата, а Рикардо Орсолини го претвори во 2-2 и донесе бод за гостите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови