Connect with us

Емполи го сопна Јувентус во Торино (ВИДЕО)

Јувентус не успеа да стигне до планираната победа против Емполи на домашен терен и одигра само 1-1 во Торино. Причина за тоа е црвениот картон што го доби Аркадиуш Милик уште во 18.минута оставајќи го својот тим да игра со фудбалер помалку во продолжение од натпреварот.

Десетмината на Масимилијано Алегри стигнаа до водство со голот на Душан Влаховиќ во 50.минута, но Емполи возврати преку Томасо Балданзи во 70.минута од дуелот.

Јувентус сега има два бода повеќе од Интер на врвот на натпреварот, но и два одиграни натпревари повеќе од најголемиот конкурент во трката за титулата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови