Поранешниот напаѓач и селектор на украинската репрезентација Андриј Шевченко е избран за претседател на Фудбалската федерација на Украина на денешниот конгрес во седиштето во Киев.
Шевченко беше единствениот кандидат за оваа функција. Тој го наследи Андриј Павелко, кој беше сменет од функцијата во февруари 2023 година поради сомневање за корупција.
Шевченко има 47 години, тој ја водеше репрезентацијата на Украина од јули 2016 до август 2021 година. Под негово водство, тимот не успеа да се квалификува за Светското првенство во Русија во 2018 година, но се пласираше на Европското првенство во 2021 година, каде што стигна до четвртфиналето.
Во ноември 2021 година, Украинецот го презеде италијанскиот клуб Џенова, но два месеци подоцна доби отказ поради незадоволителни резултати.
Шевченко е „дипломец“ на Динамо Киев, за кого играше од 1993 до 1999 и од 2009 до 2012 година. Како дел од Милан, Шевченко стана шампион и победник на Купот на Италија, а во 2003 година ја освои Лигата на шампионите. Во финалниот натпревар, Милан на пенали го победи италијанскиот Јувентус, а Шевченко го постигна победничкиот пенал.
Украинецот е добитник на „Златната топка“ за 2004 година на магазинот „Франс Фудбал“. Шевченко за репрезентацијата на Украина одигра 111 натпревари и постигна 48 голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal