
Македонскиот прволигаш Шкендија оствари убедлива победа (6-0) против ФК Скопје во првиот пријателски натпревар од подготовките. Тоа беше и одличен старт за новиот тренер Јетон Ќерими.
Јилдрит Меџити го отвори резултатот во осмата минута, а потоа два гола даде Алмир Аганспахиќ. Третиот гол беше дело на Веби Ислами во 41 минута.
Во второто полувреме стрелаа и Ендрид Красниќи и Фитон Адеми.
Следните пријателски натпревари на Шкендија се закажани во Анталија. На 28 јануари ќе игра со Динамо Батуми, на 1 февруари со Варта Познањ, четири дена подоцна со Лиепаја, и на 9 февруари со Динамо Киев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski