
Хрватскиот стратег Ненад Бјелица е на удар на јавноста во Германија откако синоќа го удри в лице Лирој Сане во текот на натпреварот меѓу Баерн Минхен и Унион Берлин на „Алијанц арена“. Тој доби црвен картон, но германските медиуми бараат од клубот да го отпушти, како недораснат за функцијата.
„Бјелица со такво глупаво однесување го нарушува угледот на клубот. Некои играчи не се согласуваат и со неговите методи на работа. Унион Берлин треба да ја прекине соработката со него“, пишува „Кикер“.
Бјелица дојде на клупата на Унион Берлин откако претходно се раздели со Трабзонспор. Имаше најави дека сака во германскиот клуб да го доведе и Енис Барди, но досега тоа не се реализира.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal