Connect with us

Реал Мадрид е клубот со најголеми приходи во Европа за минатата сезона

Шпанскиот гигант Реал Мадрид го надмина Манчестер Сити по приходи за сезоната 2022/2023, според годишниот финансиски извештај на „Deloitte“.


Шпанскиот клуб е на врвот на рангирањето за првпат од 2018 година, со приходи за изминатиот период генерирани во износ од 831 милион евра. На втората позиција останува англискиот шампион Манчестер Сити со 826 милиони евра, а трет е францускиот Пари Сен Жермен со 802 милиони евра.

Скок на ранг-листата забележа и уште еден шпански гигант, Барселона. Каталонците се придвижија за неколку места – од седмо на четврто место со приходи од 800 милиони евра, додека во исто време Манчестер Јунајтед загуби една позиција и сега е петти.

Иако Сити го загуби првото место што го имаше во последните две години, клубот објави рекорден приход од сезона по сезона благодарение на тројната круна што „граѓаните“ ја освоија минатата сезона.

Во извештајот на „Deloitte“ се наведува и дека најголем приход за клубовите доаѓа од рекламирање, додека оние од ТВ правата пораснале за скромни 5%.

Топ 10 клубови со најголеми приходи во Европа

  1. Реал Мадрид
  2. Манчестер Сити
  3. Пари Сен Жермен
  4. Барселона
  5. Манчестер Јунајтед
  6. Баерн Минхен
  7. Ливерпул
  8. Тотенхем
  9. Челси
  10. Арсенал

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови