
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, изјави дека е горд на своите играчи, откако загубија од Атлетик Билбао со 4-2, поради што неговиот тим испадна во четврт-финалето на Купот на Кралот.
Тој верува дека тимот даде максимум против многу силен противник.
„Се обидовме со сѐ. Бевме рамноправни против тим која игра многу силно на домашен терен. Кога сѐ ќе се решава во еден натпревар, така е. Поведовме и потоа имавме шанса да го постигнеме победничкиот гол, но Ламин промаши. Веќе по ждребот реков дека овојпат немавме среќа со противникот кој ни падна. Можеме да бидеме горди што дадовме сѐ од себе“, изјави Чави.
„На крајот го загубивме фокусот и имаше некои грешки. Фудбалот е игра на грешки и не успеавме да ги минимизираме. Сега треба да се опоравиме и добро да се подготвиме за претстојните битки во Ла Лига и во Лигата на шампионите“, додаде стратегот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal