Јувентус подготвува понуда за играчот од средниот ред на Аталанта, Тун Копмајнерс. „Бјанконерите“ сакаат да го засилат средниот ред и се насочија кон 25-годишниот Холанѓанец, кој треба да биде доведен на лето.
„Јуве подготвува понуда вредна 40 милиони евра плус бонуси, кои ќе бидат испратени до клубот од Бергамо. Холанѓанецот е првиот избор на Јувентус и Кристијано Џунтоли. Намерата е да се постигне договор со Аталанта и уште отсега да се обезбеди играчот за летниот преоден рок“, пишува „Газета дело Спорт“.
Холандскиот играч за врска има одлична сезона во тимот на Аталанта и е клучен играч во тимот.
Тој беше купен во 2021 година од АЗ Алкмар и брзо стана една од главните алки во тимот на Џанпјеро Гасперини. Досега, тој има седум гола и четири асистенции во 26 натпревари оваа сезона во сите натпреварувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













