Connect with us

Рома му даде отказ на Жозе Мурињо!

Жозе Мурињо веќе не е тренер на Рома. По серијата слаби резултати поради кои дури имаше и закани од навивачите упатени до легендарниот стручњак, одлучено е веднаш да се прекине соработката со Португалецот, но и со сите негови помошници.


Во официјалното соопштение од клубот истакнаа дека се во потрага по нов тренер и дека јавноста наскоро ќе биде информирана за нивната одлука.


Мурињо беше 60. тренер на Рома во историјата, дојде во мај 2021 година, ја освои Конференциската лига, но не направи сериозен резултат во Серија А, каков што се очекуваше од него.


Рома е само на деветтото место во Серија А со само осум победи на 20 натпревари.


„Сакаме да му се заблагодариме на Жозе за неговата страст и сѐ што направи откако дојде во клубот. Ќе имаме одлични спомени, но веруваме дека ова ќе биде во најдобар интерес на клубот“, изјави Рајан Фридкин.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови