Англискиот премиерлигаш Арсенал сака да го засили средниот ред со играчот на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди. Тој е еден од најдобрите играчи на позицијата последен играч за врска во Ла Лига, шпански репрезентативец и остави одличен впечаток и во Лигата на шампионите.
Микел Артета смета дека тој би бил одлично решение за зголемување на конкуренцијата во средниот ред, посебно што Арсенал речиси сигурно ќе се раздели со Томас Парти.
„Топчиите“ се подготвени да го реализираат трансферот во овој преоден рок, но се прашува и Реал Сосиедад.
Зубименди има актуелен договор со клубот до 2027 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













