
Македонскиот прволигаш Македонија ЃП од денеска се сели на подготовки во Хрватска. „Лавовите“ утрово отпатуваа за Новиград каде ќе ја реализираат втората фаза од зимските подготовки.
Тренерот Тони Џангаровски на списокот има 23 фудбалери, а веќе се испланирани и петте пријателски натпревари.
Во вторник Македонија ЃП ќе се сретне со хрватскиот првак Динамо Загреб, а потоа на 20.јануари следи меч против Осијек. Три дена подоцна „лавовите“ ќе играат против Радомље, на 27. јануари противник ќе им биде Алуминиј, а последниот тест во Хрватска е закажан за 31. јануари против Сараево.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А
