
Денешниот ден, 15 јануари, наводно е финален за рокот кој, според француските и шпанските медиуми, Реал Мадрид му го одредил на Килијан Мбапе за да ги избегне драматичните пресврти кои се случија пред речиси две години. Тогаш Французинот наводно се договорил со „кралскиот клуб“ да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, но во последен момент реши да потпише нов договор со Пари Сен Жермен.
Неговиот актуелен договор истекува по завршувањето на тековната сезона, што му даде право на Мбапе да започне преговори со странски клубови веќе на 1 јануари 2024 година. Пред околу една недела во Франција излезе информација дека талентираниот напаѓач веќе ја прифатил понудата на Реал. Веднаш потоа, сепак, од таборот на Мбапе тоа го демантираа.
Сепак, се вели дека 15 јануари е крајниот рок што од „Бернабеу“ му го одредиле на капитенот на Франција за неговиот дефинитивен одговор.
По вчерашниот успех на Реал Мадрид над Барселона, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез доби прашање и за Мбапе.
„Сега не е време да се зборува за тоа. Треба да им честитаме на играчите кои ги имаме, а не на оние кои се во други тимови. Видовме дека и без него постигнавме девет гола на последните два натпревари“, изјави Флорентино Перез.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
