
Менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојес, ќе потпише нов договор и ќе остане во клубот. „Чеканите“ се претставија величествено од почетокот на сезоната, а вчера го добија лондонското дерби со Арсенал.
И покрај резултатите, неодамна се појавија информации дека Мојeс можеби нема да остане во Лондон, а една од причините беше што договорот му истекува на крајот на сезоната.
Поранешниот менаџер на Евертон и на Манчестер Јунајтед се очекува да потпише нов договор на две и пол години.
„Многу сум среќен во средината во која работам овде. Уживам да работам за луѓето околу клубот. Добивам голема поддршка од луѓето. Имам одличен тим што го градевме во последните четири години. Почнавме од прилично ниско ниво и стигнавме до она што сме во моментов“, сподели Мојес.
Тој коментираше и што го очекува Вест Хем во зимскиот преоден рок.
„Бараме и се обидуваме да доведеме играчи со кои ќе бидеме подобри. Ситуацијата е таква што можеби ќе треба да загубиме еден или двајца играчи пред да донесеме други. Многу зависи од играчите кои ќе одат на Африканскиот куп на нации и и од повредите“, истакна менаџерот на Вест Хем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
