Најтрофејниот македонски клуб ФК Вардар доби нов тренер Горазд Михајлов, но доби и финансиска инјекција од Град Скопје, која треба да го освежи клубот во пресрет на вториот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. Новогодишното пакетче за „црвено-црните“ изнесува 12 милиони денари (околу 200.000 евра) што секако е добредојдено за задржување на актуелниот играчки погон, но и за ангажман на одредени засилувања.
Вардар е последнопласиран на табелата во 17 бода, но само три бода го делат од екипите кои се надвор од опасната зона. Оттаму и надежта дека ќе успее да го избегне најлошото и да обезбеди опстанок во елитата. Тоа е мисијата за новиот тренер Горазд Михајлов.
Споре информациите, носителите на играта, оние најискусните фудбалери, ќе останат во Вардар и во пролетниот дел од сезоната, а клубот ќе се обиде да доведе и неколку нови имиња.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













