Connect with us

Анчелоти на клупата на Реал до 2026 година

Карло Анчелоти ќе ги предводи „кралевите“ до јуни 2026 година. Претседателот Флорентино Перез и трофејниот стратег постигнаа договор за продолжување на соработката до јуни 2026 година.

„Реал Мадрид и Карло Анчелоти се договорија за продолжување на соработката до 30. јуни 2026 година“, стои во соопштението на кралскиот клуб.

Италијанскиот тренер имаше понуда да биде нов селектор на Бразил, но, сепак, и во наредните години ќе го води Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови