![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2023/12/grilish-iznenaden.jpg)
Џек Грилиш (28), ѕвездата на Манчестер Сити и на репрезентацијата на Англија, стана жртва на голем и драматичен грабеж. Грилиш играше за Манчестер Сити во Евертон, а неговите родители, двете сестри, братот, бабата и вереницата го следеа натпреварот во одлично расположение и празнична атмосфера во луксузната вила, која неодамна ја купи со неговата свршеница, инфлуенсерката Саша Атвуд.
Но, идиличната атмосфера била нарушена од лаењето на кучињата и шушкањето, а потоа и вревата што ја слушаа на горните катови. Набрзо сфатиле дека тоа се крадци, кои упаднале во имотот, а потоа и во куќата. Не е чудно што опкружувањето на Грилиш не ги слушнало порано, но и што ги фатило паника од шок. Имено, зградата која неодамна ја купи првиот англиски фудбалер платен 100 милиони фунти е огромна, а во неа за првпат се најде неговото семејство.
Кога сфатиле дека над нив има провалници кои крадат од куќата и дека се наоѓаат во непозната средина, шокирани барале скривница и ги притиснале „копчињата за паника“ кои фудбалерот ги поставил во страв од случаи како овој. Тоа ја алармирало полицијата.
Набрзо, пет полициски автомобили се упатиле кон имотот со сирени и ротациски светла, а за првпат хелиодромот бил во функција во рамките на огромниот имот со езеро, фудбалски терен, голф, тенис и игралишта за крикет, бидејќи во него влетал и полициски хеликоптер кој ја пребарувал околината на куќата со рефлектори.
Меѓутоа, бројните полициски сили и нивното чешлање на теренот не успеале да ги пронајдат крадците. Тие украле накит и часовници во вредност од 1 милион фунти од замокот на Грилиш. На фудбалерот не му помогнало тоа што поставил висока ограда околу имотот и што имало стражари на влезот на имотот. Ден по грабежот, на имотот дошло комбе од фирма која поставува надзорни камери, аларми и бариери за провалници.
Грилиш пред две години се пресели од Астон Вила во Манчестер Сити со отштета од 100 милиони фунти (117 милиони евра). Така тој стана најскапиот англиски фудбалер во историјата и седмиот најскап фудбалер воопшто.
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2021/02/logo.jpg)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/stefan-ristovski-dinamo-6-80x80.jpg)
Интернационалци
Канаваро: Ристовски ми пружи рака, ако не – ќе го убиев!
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/baern-so-verder-4-80x80.jpg)
Евро-фудбал
Баерн сигурен против Вердер (ВИДЕО)
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/stefan-ristovski-dinamo-6-80x80.jpg)
Интернационалци
Канаваро: Ристовски ми пружи рака, ако не – ќе го убиев!
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/medin-bajrami-rabotnicki-80x80.png)
Прва лига
Работнички се засили со Медин Бајрами
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2024/10/lautaro-martinez-so-zvezda-80x80.jpg)
Евро-фудбал
Арсенал се фокусира на Лаутаро Мартинез
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/elmas-torino-4-80x80.jpg)