Connect with us

Каков старт на Боксинг Деј: Нотингем Форест го изненади Њукасл (ВИДЕО)

Нотингем Форест по подолг период го почувствува вкусот на победата во Премиер – лигата откако на гости го изненади Њукасл со 1-3. Тоа е прв триумф воопшто за „шумарите“ против Њукасл во Премиер-лигата. Блескаше хет-трик кој постигна Крис Вуд, кој токму од Њукасл дојде во редовите на Нотингем Форест.

Александер Исак го отвори резултатот во корист на Њукасл во 23.минута. Тој беше успешен реализатор на најстрога казна.

Но, Крис Вуд успеа да израмни во 45.минута, а на почетокот на вториот дел постигна уште два гола, во 53. и во 60.минута од мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови