Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан, нема желба да го напушти клубот во јануарскиот преоден рок за да игра во Саудиска Арабија, пренесува „Л’Екип“.
Французинот беше поврзуван со Ал-Итихад, каде што потенцијално би се обединил со поранешниот соиграч од Реал Мадрид, Карим Бензема.
Сепак, изданието пишува дека тој ќе остане на „Олд Трафорд“ барем до лето во обид да добие поголема минутажа. Сезонава одигра вкупно 14 натпревари во сите натпреварувања на кои има постигнато еден гол.
Варан се соочи со повреди кои го ограничија неговото учество во натпреварите на „црвените ѓаволи“.
Неговиот договор со Манчестер Јунајтед е до летото 2025 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













