
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос, може да ја продолжи кариерата во Серија А, пренесува „Tribal Football“.
Според изданието, Јувентус е заинтересиран за играчот од средниот ред. Раководството на клубот од Торино сака да го доведе Германецот во зимскиот преоден рок, но многу веројатно дека ќе мора да почека до крајот на сезонат.
Договорот на играчот од средниот ред со Реал Мадрид е до летото 2024 година.
Оаа сезона 33-годишниот фудбалер одигра 18 натпревари за „кралевите“ на кои постигна еден гол и забележа шест асистенции.
Крос размислува за враќање во репрезентацијата на Германија следната пролет пред финалето на Европското првенство, на кое неговата земја е домаќин во летото 2024 година. Играчот од средниот ред се откажа од националниот тим во 2021 година.
Во дресот на Германија има 106 натпревари и 17 голови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
