![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2023/12/boxing-day.jpg)
Премиер лигата традиционално се игра на католички Божиќ. Денеска е популарниот Boxing Day, денот кога фудбалот на Островот е посебен.
На програмата се пет натпревари од 19. коло во Премиер – лигата, утре ќе има уште три и во четврток уште два. И нема сомнеж дека секој ќе биде спектакуларен на свој начин, исто како што беше низ историјата на познатото божиќно коло од најсилната лига во светот.
Еве зошто – Boxing Day
Што кажува историјата на Boxing Day?! Овој термин настанал во средината на 19. век кога богатите господари им давале на сиромашните слуги ден после Божиќ, заедно со подарок и слободен ден. Тој ден се нарекувал Boxing Day.
Тоа е една теорија, а има и друга – дека на Божиќ се собирале пари во кутии во црквите, кои би биле отворени еден ден подоцна, на Boxing Day. Некои тврдат дека бродовите на прекуокеанските патувања товареле кутија со пари за среќа, која потоа би ја дале на свештеникот на пристаништето на пристигнувањето. Свештеникот тие пари ќе им ги поделел на сиромашните ден по Божиќ.
Англичаните се познати традиционалисти, ги негуваат и почитуваат своите традиции. Оттука овој фудбал – на Божиќ. Првиот натпревар на тој ден се одиграл во 1860 година помеѓу двата најстари клуба во светот – Шефилд, основан во 1857 година и Халам, основан во 1860 година.
Повеќе од 120 години во Англија на 26 декември се игра фудбал. Премиер – лигата, пониските лиги, аматерските лиги – сите играат ден по Божиќ.
На денешен ден пред 60 години – 66 гола
Сепак, најзапаметен е Боксинг деј од 1963 година, кога на десет натпревари од тогашната Прва дивизија (денешна Премиер – лига) беа постигнати неверојатни 66 гола. Во денешното незамисливо сценарио, Манчестер Јунајтед прими шест гола од Барнли, Блекбурн го победи Вест Хем на гости со 8-2, а Фулам му даде на Ипсвич дури 10 гола.
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2023/12/boxing-day-63.jpg)
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2021/02/logo.jpg)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/stefan-ristovski-dinamo-6-80x80.jpg)
Интернационалци
Канаваро: Ристовски ми пружи рака, ако не – ќе го убиев!
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/stefan-ristovski-dinamo-6-80x80.jpg)
Интернационалци
Канаваро: Ристовски ми пружи рака, ако не – ќе го убиев!
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/medin-bajrami-rabotnicki-80x80.png)
Прва лига
Работнички се засили со Медин Бајрами
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2024/10/lautaro-martinez-so-zvezda-80x80.jpg)
Евро-фудбал
Арсенал се фокусира на Лаутаро Мартинез
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/elmas-torino-4-80x80.jpg)