
Реал Мадрид е подготвен уште еднаш да ја продолжи соработката со Тони Крос, но се чини дека фудбалерот не е сигурен за својот престој во шпанската престолнина, пренесува „Марка“.
Договорот на германскиот фудбалер истекува на 30 јуни 2024 година. Сепак, „Марка“ пишува дека играчот од средниот ред не сака да дозволи целосен пад на формата пред да го напушти Реал.
„Крос не го сака она што му се случи на Марсело минатата сезона или, во помала мера, она што му се случува на Лука Модриќ оваа сезона. Тој сака да го напушти клубот додека е важен играч, додека е стартер, додека има добра сезона“, пишува „Марка“.
Крос во Реал Мадрид е речиси една деценија, од 2014 година за „кралскиот клуб“ одигра 440 натпревари и постигна 28 гола.
Со Реал освои 19 трофеи, а оваа сезона настапи на 23 натпревари и е еден од најдобрите стрелци и најдобар асистент. Крос се повлече од германската репрезентација во 2021 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
