
Поранешниот македонски репрезентативец Крсте Велкоски (35) го напушта Работнички. Тој спогодбено го раскина договорот со „романтичарите“ и во пролетниот дел од сезоната ќе го носи дресот на Македонија ЃП.
Раководството на „лавовите“ се обидува да го реновира тимот за вториот дел од шампионатот откако есента беше лоша на резултатски план.
Македонија ЃП досега се засили со Џонатан Балотели, Давид Родригез Лопез и Џонатас да Силва.
Претходно од клубот си заминаа Андреј Јаго, Ристе Темелков, Филип Алексовски и Кристијан Стојкоски.
Крсте Велкоски во три периоди го носеше дресот на Работнички (2006-2008, 2011-2013, 2022-2023), одигра вкупно 190 натпревари за „романтичарите“ и постигна вкупно 58 гола.
Тој има и завидна интернационална кариера, седум години беше член на Сараево, а играше и за Инчеон, Енозис, Чеахлул. За репрезентацијата на Македонија има 15 настапи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
