
Лука Модриќ влегува во последните шест месеци од договорот со Реал Мадрид и извесно е дека нема да го продолжи договорот. Капитенот на хрватската репрезентација веќе има неколку понуди за продолжување на кариерата, а се чини и дека е позната неговата следна дестинација.
„Пред неколку недели Модриќ им кажа на челниците на Реал Мадрид дека заминува. Иако имаше интересна понуда од Интер Мајами, на крајот одлучи улогата на Кристијано Роналдо. Португалецот е во постојан контакт со Модриќ, неговиот поранешен соиграч, и го убеди да му се придружи во Ал-Наср“, откриваат шпанските медиуми.
„Условите на договорот не се познати, но се шпекулира дека хрватскиот репрезентативец ќе заработува околу 30 милиони евра по сезона. Постоеше опција тој да го напушти Реал веќе во зимскиот преоден рок, но и Модриќ и Реал се откажаа од тоа“, дополнува шпанскиот портал „Todofichajes“.
Модриќ е во Реал Мадрид од 2012 година и освои сѐ што може да се освои со мадридскиот клуб. Тој одигра 508 натпревари и постигна 38 гола со 80 асистенции. Оваа сезона беше резерва додека не се повредија неколку играчи и не беше задоволен од статусот кај тренерот Карло Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
