Фудбалерите на Милан влегоа во оваа сезона со желба да го вратат „скудетото“ во своите витрини, но како што стојат работите по 17 одиграни кола во Серија А, тоа ќе биде многу тешко да се случи.
Милан по ремито (2-2) со Салернитана во петокот има 33 бода на третото место, што е 11 помалку од лидерот Интер и седум од второпласираниот Јувентус.
„Росонерите“ неодамна испаднаа од Лигата на шампионите, сезоната ќе ја продолжат во Лигата на Европа, па во последно време сѐ почесто се пишува дека тренерската позиција на Стефано Пиоли веќе не е сигурна.
Екипата на Милан ќе ја памети 2023 година и по еден негативен клупски рекорд. Годинава прими дури 64 гола во сите натпреварувања, што досега не им се случило.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













