Connect with us

Валтер Мацари по поразот од Рома го испуштил клупскиот автобус и се вратил со такси

Тренерот на Наполи, Валтер Мацари, го испуштил клупскиот автобус и бил принуден да се врати во Неапол со такси по поразот на „Олимпико“ од Рома синоќа со 2-0, пренесува „Ла Република“.

Стратегот мораше да одговара на непријатни прашања по уште една разочарувачка претстава оваа сезона.

Мацари долго време беше притеснет да дава интервјуа по натпреварот во кои објаснуваше дека неговиот тим не заслужува да загуби. За тоа време клупскиот автобус заминал без него.

Според „Ла Република“, Мацари бил принуден да нарача такси и од Рим да замине за Неапол.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови