
Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер, има нова опција за продолжување на кариерата. Германецот не добива многу шанси за настап оваа сезона и речиси сигурно ќе го напушти клубот во јануари. Следниот клуб, со кој се поврзува е Астон Вила.
На Унаи Емери му се допаѓа квалитетот на Вернер и е подготвен да му даде шанса да ја оживее кариерата на „Вила Парк“. Клубот е подготвен да го земе на позајмица до лето, а доколку се претстави добро, може трајно да го привлече по завршувањето на сезоната.
Ова ќе биде враќање на 27-годишниот напаѓач во Премиер – лигата. Претходно во кариерата имаше релативно неуспешен престој во Челси од 2020 до 2022 година. За „сините“ забележа 23 гола и 21 асистенција на 89 натпревари, пред да се врати во Лајпциг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
