Наполи го насочи вниманието кон играчот од средниот ред на Тотенхем, Пјер-Емил Хојберг, како нивен можен зимски избор.
Клубот е пред разделба со македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој се сели во Лајпциг и ќе мора да најде замена за него.
Хојберг не игра особено многу по доаѓањето на Анге Постекоглу во Тотенхем и затоа сѐ повеќе се шпекулира дека тој ќе си замине. Од почетокот на сезоната, тој учествуваше на 18 натпревари за Тотенхем, но само на четири беше стартер.
Данецот не е првиот избор на Наполи за засилувања во средниот ред. Тие претпочитаат да го земат Бубакари Сумаре од Лестер, но тој е многу скап за „наполитанците“, па затоа италијанскиот шампион ќе ги пренасочи напорите кон Хојберг.
Во последните денови тој беше поврзуван и со интерес од Јувентус, Атлетико Мадрид, Баерн Минхен и Фулам.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













