Connect with us

Атлетико Мадрид успешно ја заокружи годината со триумф над Севилја (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид со десетмина фудбалери стигна до важна победа (1-0) против Севилја. Тимот на Диего Симеоне од 70.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Чаглар Сојунџу, но успеа да ги освои трите бода.

Стрелец на победничкиот гол за Атлетико Мадрид беше Маркос Љоренте во 47.минута од дуелот. По ова, мадридскиот тим се наоѓа на третата позиција на табелата со 38 бода, седум помалку од лидерот Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови