
Тотенхем се врати во победнички ритам и денеска ја оствари третата победа во низа, вкупно 11-та оваа сезона во Премиер-лигата. Тимот на Анге Постекоглу на домашен терен славеше против Евертон со 2-1 и го прескокна на табелата актуелниот шампион Манчестер Сити.
Ришарлисон го отвори резултатот во деветтата минута, а Хјонг Мин Сон зголеми на 2-0 во 18.минута. Евертон ја врати надежта со голот на Андре Гомеш во финишот, но, сепак, остана без бодови.
Борнмут го победи Нотингем Форест на гости со 2-3, а Лутон беше подобар од Њукасл (1-0), со голот на Андрос Таунсенд.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
