Connect with us

Виктор Осимен потпиша со Наполи до 2026 година

Најголемата ѕвезда на Наполи, Виктор Осимен, го продолжи договорот со италијанскиот првак. Тој стави потпис за нова верност со „наполитанците“ до 2026 година.

Агентите на Осимен долго преговараа со првиот човек на клубот Аурелио де Лаурентис и конечно успеа да најдат заеднички јазик. Нигериецот ќе остане до 2026 година, а во договорот ќе има отштетна клаузула од 130 милиони евра.

Тоа беше и најголемата желба на Осимен, да има клаузула според која ќе може да замине доколку добие понуда од големите европски клубови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови