Еден од клучните играчи на Наполи, Пјотр Зиелински (29) одбива да потпише нов договор со актуелниот шампион на Италија, пренесуваат медиуми на Апенините.
Италијанците откриваат како преговорите меѓу полскиот репрезентативец и првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис, се заглавени по третпат оваа сезона.
Актуелниот договор на Зиелински истекува на крајот од оваа сезона, што значи дека од јануари може потполно слободно да преговара со други клубови и во јуни да си замине од Наполи без обештетување.
За него, најголем интерес покажува актуелниот лидер во Серија А, Интер. Постои опција Наполи да се обиде да го продаде веќе на зимскиот пазар за да заработи барем нешто од Полјакот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













