
Интересот на Тотенхем за играчот на Челси, Конор Галагер, се зголемува во пресрет на зимскиот преоден рок, а „сините“ се спремни да ја видат понудата, пренесува „Скај Спорт“.
На Галагер му остануваат уште 18 месеци од договорот, без навестување дека ќе биде продолжен. Тотенхем имаше намера да го доведе минатото лето, но тимот од „Стемфорд Бриџ“ реши да го задржи поради добрите игри во тој период и малкуте опции на таа позиција.
Постои дури и опција за размена меѓу двата клуба која би се случила следниот месец. Пјер-Емил Хојберг би отишол на другата страна на Лондон, додава „Скај спорт“.
Галагер е лидер на Челси по асистенции, создадени шанси, стартови, поминато растојание, прекини и освоени поседи, што го прави еден од клучните играчи.
По одличниот старт, Тотенхем падна на петтото место со 33 бода, а Челзи е на десеттото место со 22 бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
