
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф, замина на операција. Ова го откри менаџерот Ерик тен Хаг кој не објасни точно што е проблемот на Швеѓанецот, но истакна дека ќе биде надвор од терените барем уште неколку недели.
„Виктор Линделоф не е достапен. Имаше операција и ќе биде надвор од теренот неколку недели. Што се случи? Имаше проблем и мораше да оди на операција”, сподели Тен Хаг.
29-годишниот дефанзивец беше надвор од теренот од натпреварот против Челси на 6 декември, кога беше заменет на полувремето. Тој сигурно ќе ги пропушти следните три натпревари на „црвените ѓаволи“ во Премиер – лигата против Вест Хем, Астон Вила и Нотингем Форест, но се надева дека ќе биде подготвен за дуелот од ФА Купот со Виган на 8 јануари.
Тоа е уште еден проблем за Тен Хаг, кој не може да го користи подолго отсутниот Лисандро Мартинез, а Хари Мегваер исто така неодамна заработи повреда на препоните.
Така, веројатно повторно ќе мора да се потпре на Рафаел Варан и на Џони Еванс во срцето на одбраната, а постои шанса таму да биде преселен и Лук Шо, кој исто така има искуство на оваа позиција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Шешко ќе избира меѓу Њукасл и Манчестер Јунајтед

Евро-фудбал
Интер постави ултиматум за трансферот на Лукман
