Лионел Меси откако пристигна во Интер Мајами реши да го собере своето друштво од Барселона.
Во клубот први пристигнаа Серхио Бускетс и Жорди Алба, а на клупата седна Тата Мартино со кој аргентинскиот фудбалер е во одлични односи.
Сега во Мајами пристигнува уште еден играч кој одлично соработуваше со него и се големи пријатели – Луис Суарез.
Тој настапуваше во Гремио каде што ја одигра последната година и ги договори сите услови за неговото доаѓање во МЛС-лигата.
Суарез во својата кариера настапуваше за Ајакс, Ливерпул и за Барселона, каде ја освои Лигата на шампионите, а потоа и во Атлетико Мадрид.
Суарез ќе потпише едногодишен договор со Интер Мајами.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













