
На Барселона и се заканува исфрлање од Лигата на шампионите на две или три години, тврдат новинарите на германски „Велт“.
Причината е прекршувањето на финансиските регулативи, а според нивните извори, „цифрите“ во Барселона се страшни.
Доколку дојде до исфрлање, тоа ќе започне од сезоната 2024/25 и би траело две или три години, а во тој период Лигата на шампионите би била без Барселона.
Наводно, раководството на Барселона прекршило разни финансиски регулативи на УЕФА, а не ги испочитувала работите на кои се обврзале сите клубови.
Периодот од последните три години секогаш се гледа, а како што стојат работите во Барселона, тие воопшто не се добри.
Барселона во септември пријави добивка од 304 милиони евра, а тоа со себе носи одредени прашања.
Никому не му е јасно, од извори блиски на Велт, зошто повеќе од една година многу работи се чувале во тајност.
„Колку е поголема загубата, толку е поголема казната“, изјави еден од изворите за Велт.
Барселона ова лето веќе е казнета со 500.000 евра за кршење на регулативите од УЕФА.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Митровиќ се враќа во Премиер-лигата?

Евро-фудбал
Ал-Наср со понуда за Жоао Феликс

Евро-фудбал
ПСЖ го пронајде наследникот на Донарума

Евро-фудбал
Њукасл бара 170 милиони евра за Александер Исак

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски
