
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека неговиот тим сигурно ќе игра за победа на „Енфилд“ и покрај тоа што Ливерпул нема пораз на домашен терен од почетокот на годината и последниот успех на „топчиите“ на стадионот датира од 2012 година. Утре двата ќе го играат големото дерби на врвот, а доколку Арсенал не загуби, втора година по ред ќе го дочека Божиќ на врвот на табелата.
„Во натпревар против силен противник ќе има посебна атмосфера. Се подготвуваме за победа и ќе се обидеме да ја оствариме. Ќе биде многу интензивен натпревар. Секогаш е одлично да се биде на првата позиција и ќе се обидеме да ја задржиме, но за да го направиме тоа мора да одиграме многу утре и мора да бидеме мудри во начинот на кој управуваме со играта. Нашиот план е да ги победиме и да си заминеме од „Енфилд“ со три бода. Ако сакате да бидете на врвот, треба да можете да одите на овие стадиони, да доминирате и да ги добивате натпреварите. Тоа е она што ќе се обидеме да го направиме“, изјави Артета на денешната прес-конференција.
Арсенал последен пат го победи Ливерпул на „Енфилд“ во септември 2012 година, кога Микел Артета беше дел од средниот ред на „топчиите“.
„Кога последен пат победивме на нивниот стадион беше одамна и тоа беше во добро време. Мора да се обидеме да го повториме тоа утре. Секој натпревар е различен. Има многу работи од нерешените 2-2 минатата сезона на „Енфилд“ кои можеме да ги повториме, но и други работи што треба да ги направиме подобро“, истакна Артета.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal