Баерн Минхен на лето би можел да го ангажира дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џонатан Тах, тврди „Билд“. 27-годишниот фудбалер настапува одлично за „аспирините“ кои од почетокот на сезоната прават бум и ќе презимат на врвот на Бундес-лигата.
Баварците бараат засилување во одбраната, каде што е слабата точка на тимот, а Тах е една од опциите. Шефовите на германскиот шампион допрва треба да стапат во контакт со претставниците на дефанзивецот.
Тој има договор со Баер Леверкузен до летото 2025 година, а во него има откупна клаузула вредна 18 милиони евра и важи по завршувањето на тековната сезона.
Дефанзивецот оваа сезона постигна три гола на 15 натпревари во Бундес-лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













