Капитенот на Челси, Рис Џејмс, е опериран за да ги реши хроничните проблеми со тетивата. 24-годишниот англиски репрезентативец поради проблеми пропушти седум натпревари во Премиер – лигата оваа сезона и ја обнови старата повреда при поразот од Евертон со 2-0.
„Фудбалскиот свет знаеше дека имам повреда, но процедурата на која морав да се подложам овојпат траеше подолго за да го најдам најдоброто решение“, напиша бекот на својот Инстаграм профил.
„Донесов одлука да ги решам проблемите со тетивата. Физичкото и психичкото закрепнување веќе започна“, напиша Англичанецот.
Тимот на Челси, кој се наоѓа на десеттото место на табелата во Премиер – лигата, в недела гостува кај Вулверхемптон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













