Реал Мадрид го победи Алавес со 0-1 и ќе ја заокружи 2023 година на врвот на табелата во Ла Лига. „Кралевите“ сега имаат 45 бода, исто колку и второпласираната Џирона, но со подобра гол-разлика.
Многу тежок натпревар беше ова за тимот на Карло Анчелоти, посебно откако остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на дефанзивецот Начо во 54.минута поради груб старт.
MASSIVE GOAL FROM LUCAS VAZQUEZ!!! pic.twitter.com/0IxuZTYh71
— TC (@totalcristiano) December 21, 2023
Но, и со десетмина фудбалери, Реал се обидуваше да стигне до триумф. Тоа им успеа на „кралевите“ во финишот. Во 92.минута, по корнерот на Крос од левата страна, Лукас Васкез со удар со глава успеа да ја затресе мрежата на Алавес.
Мајорка ја победи Осасуна со 3-2.
Ла Лига продолжува на 3.јануари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













